ОПШТИ УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ
(Terms of service)
Важи од: 08.03.2026
Верзија: 2.0
Со нарачка или користење на услугите обезбедени од АЛСА НЕТ ДООЕЛ („Компанијата“), клиентот („Клиентот“) потврдува дека ги прочитал, разбрал и целосно ги прифаќа овие Општи услови за користење („Услови“).
Доколку Клиентот не се согласува со овие Услови, должен е веднаш да престане со користење на услугите.
Овие Услови, заедно со релевантните политики и договори објавени во Правниот центар на веб страницата на Компанијата, претставуваат единствена и интегрирана договорна рамка помеѓу страните.
Договорниот однос помеѓу Компанијата и Клиентот се уредува со:
Сите документи се достапни во Правниот центар и претставуваат составен дел од договорот.
Доколку во рамки на услугите Компанијата обработува лични податоци во име и за сметка на Клиентот, Компанијата постапува како Обработувач, а Клиентот како Контролор.
Во таков случај, односот се уредува и со Договорот за обработка на податоци (DPA), објавен во Правниот центар, кој автоматски се применува и претставува составен дел од овие Услови.
Строго е забрането користење на услугите за:
Компанијата има право на итна суспензија или раскин без претходна најава доколку постои безбедносен ризик.
Сите профактури се платливи во рок од 5 (пет) дена од датумот на доспевање.
Доколку плаќањето не биде евидентирано во наведениот рок, услугата може да биде привремено суспендирана.
Доколку неплаќањето продолжи и по дополнителен период, компанијата го задржува правото на траен прекин и бришење на услугата и поврзаните податоци, без обврска за нивно враќање.
Плаќање извршено по бришење на услугата не гарантира автоматска повторна активација, ниту враќање на избришаните податоци. Во таков случај, потребна е нова нарачка.
Клиентот е одговорен за:
Компанијата не одговара за компромитирани сметки поради пропуст на Клиентот.
Резервните копии може да се вршат согласно интерни политики, но не претставуваат гарантирана услуга освен ако не е поинаку договорено.
Клиентот е должен да одржува сопствени backup копии.
Во максимален степен дозволен со закон:
Компанијата не одговара за:
Вкупната одговорност на Компанијата е ограничена на износ еднаков на една месечна претплата платена од Клиентот за конкретната услуга во месецот што му претходи на настанот.
Со нарачка на .mk или .мкд домен, клиентот се согласува со важечките правила, политики и процедури на МАРнет (Македонска академска и истражувачка мрежа), како надлежен регистар за управување со националните домени .МК и .МКД.
Компанијата постапува како Овластен Регистратор при регистрација на домен и не одговара за одлуки, одбивања, суспензии или бришења донесени од страна на регистарот.
Со регистрација на gTLD домен, Клиентот се согласува со правилата на надлежниот регистар ICANN.
Компанијата не одговара за одлуки на регистарот.
Компанијата има право на суспензија или раскин во случај на:
Компанијата ги верзионира договорните документи и ги објавува тековните верзии во Правниот центар.
Компанијата го задржува правото да ги измени овие Услови.
Нематеријалните измени може да стапат во сила по објавување во Правниот центар.
Материјалните измени што влијаат врз правата и обврските на Клиентот ќе бидат објавени најмалку 7 (седум) дена однапред.
Во случај на законска обврска, измените може да стапат во сила веднаш.
Продолженото користење на услугите претставува прифаќање на измените.
Се применува правото на Република Северна Македонија.
За сите спорови надлежен е стварно надлежниот суд во Скопје.
Email: info@server.com.mk
Телефон: +389 2 322167
Мобилен: +389 76 361 654