Почитувани корисници, МАРНЕТ на 25.11.2024 година донесе нов ПРАВИЛНИК ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА И УПРАВУВАЊЕТО СО ВРВНИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРНЕТ ДОМЕНИ. Во следните неколку недели потребно ќе биде и ние како овластен регистратор да се усогласиме со истиот. Начинот на регистрација и ажурирање на .mk и .мкд домените ќе претрпат значителни промени.
ПРАВИЛНИК ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА И УПРАВУВАЊЕТО СО ВРВНИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРНЕТ ДОМЕНИ е достапен на следниот линк
За да олесниме на крајните корисници ќе се обидеме да ги поставиме сите можни сценарија што произлегле од досегашната работа.
- Процедури за правни лица:
1.1. Дигитално поднесување на формулар за регистрација
1.1.1 Сценарио број 1
Правно лице сака да регистрира домен и поседува квалификуван дигитален сертификат за напреден или квалификуван дигитален е-потпис, издаден на физичко лице поврзано со правно лице, наменет за деловни потреби, издаден од некој од овластените издавачи во нашата земја, КИБС или Македонски телеком.
Регистрација на .mk или .мкд домен се прави исклучиво со пополнување на формулар за регистрација.
Кон барањето за домен се приложува и заверена фотокопија од Актот со кој е извршен упис во соодветен регистар утврден со закон или друг доказ утврден со закон за стекнато право за вршење дејност.
Двата документи дигитално потпишани се праќаат на info@server.com.mk
- Процедури за физички лица:
Дигитално поднесување на формулар за регистрација
2.1.1 Сценарио број 2
Физичко лице сака да регистрира домен и поседува квалификуван сертификат за напреден или квалификуван електронски потпис се издава на физичко лице, наменет за лично користење, издаден од некој од овластените издавачи во нашата земја, КИБС или Македонски телеком.
Регистрација на .mk или .мкд домен се прави исклучиво со пополнување на формулар за регистрација.
Формуларот за регистрација, дигитално потпишан се праќа на info@server.com.mk