Со Политиката за приватност, ќе ви појасниме каде и како се чуваат личните податоци на сите регистрирани купувачи на нашата интернет страна. Оваа политика на приватност се однесува само за www.server.com.mk и поддомените. Доколку е присутна врска која ќе Ве поврзе со други страни, ние не превземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие интернет страни.
Секој корисник при регистрација и купување, изјавува дека е запознаен и се согласува со нашата Политика на приватност.
Доколку се регистрирате, сите лични податоци кои ќе ги внесете преку формата за регистрација, ќе се користат за потребите за реализација на услугата која ја имате нарачано, реализација на плаќањето, како и за рекламирање на услуги обезбедени од наша страна, доколку ја имате избрано оваа опција, а се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци и не се отстапуваат на трети страни. Од информациите кои ни се потребни при регистрацијата и/или при нарачка ги издвојуваме:
– Име и презиме
– Електронска адреса
– Адреса за испорака на фактура/нарачка и
– телефон за контакт.
Податоците кои ги собираме и се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Македонија. АЛСА НЕТ дооел го задржува правото да ги користи IP aдресите и другите податоци на корисниците за откривање на нивниот идентитет во случај на спроведување на законот и законските постапки. Во секој момент може да извршите промена, ажурирање или корекција на Вашите неточни лични податоци и информации. Сите информации кои ги собираме од веб страната се исклучиво за наша употреба (релација со корисници, следење на нарачка итн.) и истите не се предаваат на други лица за било каков основ. Не собираме никакви информации од финансиска природа, како број на картичка и сл. Податоците околу кредитната картичка и банкарската сметка ќе бидат чувани и користени исклучиво од страна на ХАЛКБАНК А.Д. Скопје со цел наплата на продуктите/нарачките преку извршување на трансакција. Трансакцијата при наплаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од кредитни картички на ХАЛКБАНК А.Д. Скопје. Порталот користи современа заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката. Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели и се обврзуваме дека нема намерно да собираме или користиме податоци од малолетни лица. Ги превземаме сите заштитни мерки за заштита на личните податоци на купувачите со цел да се минимизира ризикот од неовластен пристап и злоупотреба на истите.
Колачињата се мали датотеки што се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на Вашиот компјутер при Вашата следна посета на нашиот веб сајт, со што се овозможува побрз пристап. Исто така, во одредени случаи запишуваме информации во форма на колачиња на Вашиот компјутер со цел да ја приспособиме посетата на веб сајтот кон Вашите потреби и навики. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации што се меморираат во рамките на колачињата можат да бидат искористени само за потребите на интернет-услугата, и тоа на начин на кој нема да биде загрозена Вашата приватност.
Колачињата се податоци што ги користи веб сајтот за да ги идентификува веб-корисниците. Преку овие податоци веб сајтот може да го идентификува корисникот следниот пат кога ќе ја посети. Затоа не е потребно корисникот да се идентификува секогаш кога ќе влезе на истиот веб сајт. Колачињата му овозможуваат на веб сајтот да формира профил за корисникот врз основа на податоците што ги има дадено претходно, најчесто за рекламни цели. Агентите за рекламирање можат да ги искористат овие податоци за испраќање е-пошта за производи и за услуги за кои сметаат дека ќе бидат интересни за корисниците.
Менито „Помош“ („Help“) во лентата со алатки на интернет-пребарувачот на Вашиот компјутер ги дава следниве информации за корисниците:
Тоа се привремени колачиња, кои се зачувуваат во датотеката на колачето на Вашиот Интернет-пребарувач додека не ја завршите сесијата на него. Овие колачиња се задолжителни за одредени апликации или функционалности на оваа веб-страница за нејзина правилна работа.
Можно е да користиме постојани колачиња за подобра услуга за корисниците (на пример, обезбедување оптимизирана навигација). Овие колачиња остануваат во датотеката на колачето на Вашиот пребарувач подолг временски период. Временскиот период зависи од изборот што ќе го направите во поставките на Вашиот интернет-пребарувач. Постојаните колачиња овозможуваат информациите да се пренесат на веб-серверот секојпат кога некој ќе ја посети веб-страницата. Постојаните колачиња се познати и како колачиња за следење.
Овие колачиња се за аналитика и за маркетинг. Тие прибираат информации кои се користат или во збирна форма, со што ни помагаат да разбереме како се користи нашата веб-страница или колку се ефективни нашите маркетинг-кампањи, или за да ни помогнат да ги приспособиме нашата веб-страница и нашите апликации со цел да го подобриме нивното користење.
Колачиња можат да се користат во следниве категории: Google Analytics, Google Ads, Facebook Pixel и LinkedIn Pixel.
Доколку не сакате да користите колачиња како што е наведено погоре или ако се премислите откако ќе се согласите со нашата употреба на колачињата, можете да ги избришете преку Вашиот пребарувач.
Со користењето на овој веб сајт се согласувате, односно ги прифаќате одредбите од Политиката за приватност на АЛСА НЕТ дооел. Доколку не се согласувате со Политиката, Ве молиме да не го користете веб сајтот на АЛСА НЕТ дооел.
Оваа политика на приватност стапува на сила од Декември 2020 година.
Промените во политиката на приватност ќе бидат јавно објавени на интернет странатa www.server.com.mk најмалку 10 дена пред да стапат во сила.